3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАViber е на продажба?

Viber е на продажба?

viber prodazba

„Viber“ стана популарен поради својата мобилна апликација која на корисниците им нуди можност за бесплатно телефонирање и размена на пораки, при што се користи само интернет врска.

Во скоро 200 земји каде што е присутен, „Viber“ во моментов има околу 200 милиони регистрирани корисници, а од неодамна истите услуги ги нуди и за корисниците на десктоп компјутери. Големиот успех на оваа компанија значи и нејзина голема вредност за потенцијалните инвеститори, па сега се шпекулира дека нејзиниот основач Талмон Марко е во преговори за нејзино продавање.

Имено, како што објавија одредени медиуми, во моментов се во тек преговорите помеѓу „Viber“ и неименувани азиски комуникациски компании за превземање на овој израелски „start-up“. Се збори дека продажната цена би можела да достигне помеѓу 300 и 400 милиони долари.

Потенцијалниот купувач е опишан како водечки азиски оператор за размена на инстант пораки, а се смета дека тоа би можел да биде кинески „WeChat“. Но во игра се исто така и јапонскиот „Line“ и корејскиот „KakaoTalk“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП