3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi S1 и S1 Sportback (фото+видео)

Audi S1 и S1 Sportback (фото+видео)

audi s1

„Audi“ ги објави фотографиите и техничките детали од спортската верзија на моделот „A1“ со 3 и 5 врати. Двата автомобили стандардно се опремени со „quattro“ погонот на сите 4 тркала, а пред пошироката јавност официјално ќе бидат претставени на женевскиот авто-саем.

Долгоочекуваната „Ѕ“ верзија на најмалиот автомобил „Audi“ веќе на прв поглед се разликува од стандардниот модел „А1“. Тука се пред се новите предни светлосни групи со ксенонски фарови и различните дневни „LED“ светла, како и редизајнираниот браник и маска на ладилникот.

audi s11

Аеродинамичките карактеристики се унапредени со помош на покривниот спојлер и поставените додатоци на праговите на автомобилот.

Стоп-светлата исто така се редизајнирани, со нешто помали димензии во споредба со класичниот „Audi A1“ и имаат освежена „LED“ технологија. Впечатливиот заден браник на долниот дел содржи дифузор и два пара издувни цевки.

audi s12

Одличниот визуелен впечаток го дополнуваат специјалните 17-инчни алуминиумски бандажи, додека како опција се достапни и тркала од 18-инчи.

Во внатрешноста доминира црната боја со контрасни детали во боја на каросеријата. Спортскиот впечаток е нагласен со специфичниот волан и педалите за ножните команди од нерѓосувачки челик.

audi s13

Покрај стандардните спортски седишта, „Audi“ на купувачите како опција им нуди и „Ѕ“ спортски седишта со интегриран потпирач за глава.

Спортските перформанси кои ги нуди овој автомобил се овозможени благодарејќи на 2.0-литарскиот „TFSI“ мотор со 231 ks (170 kW). Погонската единица обезбедува и 370 Nm максимален вртежен момент.

audi s14

Тоа е доволно „Audi S1“ со 3 врати од 0 дo 100 km/h да стигне за 5.8 секунди, додека за истото забрзување на моделот „S1 Sportback“ му е потребно 5.9 секунди. Максималната брзина на двете верзии изнесува 250 km/h.

Послушајте како звучи моторот на „Audi S1“ и погледнете ги првите кадри од возењето на овој автомобил:

Моќта на моторот стандардно се пренесува со помош на шестстепениот мануелен менувач, а како и другите модели на „Audi“ кои ја имаат ознаката „S“ и „S1“ доаѓа со перманентен „quattro“ погон на сите четири тркала.

Според фабричките податоци, „S1“ во комбинирано возење просечно троши 7 литри бензин на 100 km, а притоа емитува во атмосферата 162 g/km. Просечната потрошувачка на „Audi S1 Sportback“ изнесува 7,1 l/100 km, a „CO2“ емисијата 166 g/km.

audi s15

„Audi“ соопшти дека во однос на класичниот „А1“ ги имаат подобрено системите за суспензија и управување за да можат да ги задоволат барањата за спортско возење.

„Audi S1“ и „S1 Sportback“ најпрво ќе им бидат достапни на купувачите во Германија. Почетокот на продажбата е закажан за напролет, а почетната цена за „S1“ со 3 врати изнесува 29.950 евра, додека „Sportback“ верзијата со 5 врати ќе чини од 30.800 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП