петок, 2 декември 2022
ПочетнаАВТОБИЗКои се кандидатите за „Светски автомобил на годината“?

Кои се кандидатите за „Светски автомобил на годината“?

world car of the year

По номинациите за најдобар автомобил на годината во Европа, објавени се финалистите во изборот за „Светски автомобил на годината“. Името на победникот ќе биде соопштено на 17-ти април на саемот во Њујорк.

Покрај изборот за автомобил на годината на европскиот пазар, кој се одржува во рамките на женевскиот авто-саем, вниманието на јавноста го привлекува и натпреварувањето „Светски автомобил на годината“ (World Car of the Year). Овој избор е ограничен на возила кои се достапни само во одредени региони, но вклучува и нови,глобално присутни модели.

Оваа година во потесниот избор влегоа 12 модели: „Audi A3 Sedan“, „BMW Serieѕ 4 Coupe“, „BMW i3“, „Cadillac CTS“, „Citroen C4 Picasso“, „Ford Fusion / Mondeo“, „Infiniti Q50“, „Jeep Cherokee“, „Lexus IS, Mazda 3“, „Peugeot 308“ и „Škoda Octavia“.

Победникот ќе биде познат некаде на половината на април, а претходната година оваа престижна титула му припадна на моделот „Volkswagen Golf 7“.

Паралелно со изборот за светски автомобил на годината, гласање се врши и во следниве категории: Најдобар луксузен автомобил, Најдобар спортски автомобил, Најдобар еколошки автомобил и Најдобро дизајниран автомобил.

Кандидати за титулата Најдобар луксузен автомобил за 2014-та се: „Bentley Flying Spur“, „BMW X5“, „Cadillac ELR“, „Cadillac Escalade“, „Maserati Ghibli“, „Maserati Quattroporte“, „Mercedes S сlasѕ“, „Porsche Macan“, „Range Rover Sport“ и „Rolls-Royce Wraith“.

За најдобар спортски автомобил ќе се борат следниве модели: „Alfa Romeo 4C“, „Audi RS 6 Avant“, „BMW M6 Gran Coupe“, „Chevrolet Corvette Stingray“, „Ferrari 458 Speciale“, „Ford Fiesta ST“, „Lamborghini Aventador LP700-4 Roadster“, „Mercedes A 45 / CLA 45 AMG“, „Porsche 911 GT3“, „Porsche 911 Turbo“ и „Volkswagen Golf GTI“.

Кога станува збор за титулата најдобар „зелен“ автомобил во потесниот избор се најдоа 5 модели: „Audi A3 Sportback e-tron“, „BMW i3“, „Honda Accord Hybrid“, „Mitsubishi Outlander PHEV“ и „Volkswagen XL1“.

За тоа кој е најдобро дизајнираниот автомобил кој се појавил во изминатава година, жирито ќе одлучува помеѓу седум модели, а тие се: „BMW i3“, „Cadillac CTS“, „Citroen C4 Picasso“, „Mazda 3“, „Lexus IS“, „Mercedes C сlasѕ“ и „Volkswagen XL1“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП