26 јуни, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДесет милиони вируси за Android

Десет милиони вируси за Android

kaspersky-anti

До крајот на јануари 2014-та година,компанијата „Kaspersky“ пронашла околу 200.000 единствени примероци на мобилен малициозен софтвер, што е за 34 проценти повеќе отколку во ноември 2013-та.

Официјалната продавница „Google Play“ во јануари во понудата имаше 1,103,104 апликации. Од друга страна, неофицијалните продавници имаат многу повеќе, а најверојатно меѓу нив се и оние злонамерните.

Во повеќето случаи овие програми ги напаѓаат финансиските податоци на корисниците. Тоа беше случај со „Carberp Trojan“ верзијата за мобилни уреди која потекнува од Русија. Таа ги краде податоци додека се испраќаат до серверите на банките. Според експертите од компанијата „Kaspersky“ повеќето злонамерни „Android“ апликации се направени во Русија.

Најдобра заштита е користење на некоја од антивирусните програми и разгледување на барањата кога се инсталираат нови апликации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП