3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна Mercedes S сlasѕ Coupe (фото+видео)

Пристигна Mercedes S сlasѕ Coupe (фото+видео)

mercedes s coupe

Откако пред неколку дена се појави првата фотографија од „Mercedes S сlasѕ Coupe“, германскиот производител го претстави ова возило. Покрај фотографиите, објавени се и спецификациите и техничките детали за автомобилот.

Наследникот на „CL сlasѕ“, најпрестижното и најлуксузното купе на „Mercedes“ е долго 5.027 mm, широко 1.899 mm и високо 1.411 mm.

mercedes s coupe1

Меѓуосовинското растојаниe е 2.945 mm, a на купувачите ќе им биде понуден со алуминиумски бандажи со димензии од 18 до 20 инчи.

Дизајнот на надворешноста во голем дел е превземен од истоимениот концепт кој „Mercedes“ го претстави на саемот за автомобили во Франкфурт.

Погледнете го промотивното видео на ова купе:

Ентериерот е за нијанса помалку футуристички во споредба со концептното возило и потсетува на лимузината „S сlasѕ“, пред се според изгледот и содржините во централната конзола и дигиталната инструмент табла.

Сепак, кабината во купето е повеќе спортски ориентирана, па наместо двоаголниот конзервативен волан на негово место дојде троаголен, спортски управувач.

mercedes s coupe2

Позади има место за две лица кои може да седат во посебни, комфорни седишта.

На возачот покрај двата големи екрани, едниот на кој се читаат инструментите и другиот кој припаѓа на мултимедијалниот систем, достапен е и „head-up“ дисплеј, кој најважните параметри ги проектира на шофершајбната.

mercedes s coupe4

„Mercedes S сlasѕ Coupe“ е опремен и со подобрениот систем „Magic Body Control“, кој автоматски се приспособува на условите на патот. Основната идеа е на патниците да им се понуди максимална удобност при возењето, без оглед на тоа колку е нерамна подлогата по која се движи автомоблот.

Системот функционира со помош на специјалните камери инсталирани зад шофершајбната која ја снима конфигурацијата на патот пред возилото. Врз основа на собраните податоци, системот врши анализа на патот и во дел од секундата автоматски ја подесува суспензијата и се прилагодува на патот по кој се движи автомобилот.

mercedes s coupe5

Кај купето, системот е дополнително подобрен и овозможува мало поместување на автомобилот во кривини, па така врз патниците помалку делува страничната сила.

Системот функционира при брзини од 30 дo 180 km/h.

mercedes s coupe3

На почетокот на продажбата, „Mercedes S сlasѕ Coupe“ на купувачите ќе им биде понуден во верзијата „S500“ со 4.7-литарски V8 мотор кој произведува 455 ks (335 kW) и 700 Nm максимален вртежен момент.

Ќе следуваат и други верзии, вклучувајќи ја и „S63 AMG Coupe“ која под хаубата ќе има 5.5-литарски V8 со 593 ks (436 kW) и 900 Nm.

mercedes s coupe6

„Mercedes S сlasѕ Coupe“ ќе има премиера пред женевската публика во почетокот на март, а во продажба ќе се најде некаде на половината на 2014-та, кога се очекува да биде позната и цената на овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП