26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИIBM повторно продава?

IBM повторно продава?

ibm chipovi

Ако сите гласини се покажат како точни, „IBM“ наскоро ќе го продаде целиот свој бизнис кој е поврзан со изработката на чипови.

Со продажбата се поврзани двете фабрики кои „IBM“ ги изгради за таа намена. Едната е сместена во Њујорк (Building 323) и моментално произведува чипови во 22nm технологија. Втората фабрика која би можела наскоро да го промени сопственикот се наоѓа во Вермонт и претставува главен производен погон на „IBM“ за производство на полупроводници.

Бидејќи станува збор за голем имот, како и бројот на вработени на двете локации, тоа воедно го стеснува бројот на потенцијални купувачи. Досега се споменуваа дури три можни купувачи „TSMC“ (Taiwan Semiconductor Manufacturing Company), „GlobalFoundries“ (AMD) и „Intel“. Меѓутоа изгледа само уште „Intel“ и „Global Founries“ останаа во игра, бидејќи се уште мудро молчат, додека „TSMC“ јавно ги негираше шпекулациите, нарекувајќи ги неосновани.

На ист начин реагираше и компанијата „IBM“, која преку својот портпарол рече дека не ги коментира шпекулациите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП