5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung го претстави Galaxy Star Trios кој користи три SIM картички

Samsung го претстави Galaxy Star Trios кој користи три SIM картички

samsung-silently

Откако минатата недела „LG“ го претстави својот модел кој користи три „SIM“ картички, и компанијата „Samsung“ го најави својот нов „Android“ смартфон од пониска класа, наречен „Galaxy Star Trios“.

Овој паметен телефон исто така има поддршка за три „SIM“ картички. Смартфонот моментално се наоѓа во продажба во Бразил по цена од 165 долари, но засега нема информации за датата на неговата интернационална премиера.

Инаку станува збор за модел кој го одликува 3,14-инчен екран со резолуција од 240 x 320 пиксели, како и платформата „Android 4.1 Jelly Bean“. Од останатите спецификации во овој смартфон се вклучени процесорот од 1GHz single core „Qualcomm Snapdragon“, 512 MB RAM меморија, 4 GB интерна меморија, камера од 2 мегапиксели, како и батерија од 1300 mAh.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП