5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПоради слабите резултати HTC ќе претстави смартфони од средна класа

Поради слабите резултати HTC ќе претстави смартфони од средна класа

htc-desire-601

Тајванскиот производител на паметни телефни „HTC“ за првиот квартал од оваа година прогнозира загуба од 3.1 милијарди тајвански долари (102.4 милиони долари), а причина за тоа е слабата продажба на водечките модели на смартфони.

Компанијата очекува приходи од 34 дo 36 милијарди тајвански долари (TWD) во трите месеци заклучно со март, во однос на 42.8 милијарди колку што имаа во минатата година.

„HTC“ во четвртиот квартал од 2013-та година оствари приходи од 49.2 милијарди (TWD). Извршниот директор на компанијата Чанг Чин-Лин изјави дека очекува пад на приходите во февруари, а потоа подобрување на ситуацијата во март, пред почетокот на вториот квартал за во кој компанијата планира нови производи.

„HTC“ во 2012-та држеше 4.6 проценти удел на глобалниот пазар на смартфони, значително помалку во однос на 8.8 проценти од 2011-та.

Да се поттикне продажбата, „HTC“ ќе лансира низа на паметни телефони од средна класа, бидејќи аналитичарите предупредија на послаба побарувачка на најнапредните уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП