9 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗNisѕan GT-R Nismo подготвен за европска премиера

Nisѕan GT-R Nismo подготвен за европска премиера

nismoo1

По долгото тестирање и развој, новиот „Nisѕan GT-R Nismo“ на голема врата, 4-ти март, на саемот за автомобили во Женева ќе има европска премиера.

„Nisѕan GT-R“ веќе важи за жива легенда во автомобилскиот свет, а децениите на тркачко искуство со врвни експерти доведоа до изработката на новиот, ултимативен „GT-R“.

nismoo2

Стајлингот на автомобилот, како и секогаш ја следи филозофијата дека формата ја прати функцијата, а тука се и големиот број на нови технологии за подобрување на перформансите на автомобилот.

Моментално „Nisѕan GT-R“ е во продажба во Јапонија, а во септември ќе биде достапен и во Европа.

nismoo3

Со своето автентично јапонско тркачко наследство, автомобилот има и европски корени, затоа што е развиен и тестиран на легендарната Нирбургринг.

Директорот на „Nisѕan“, Карлос Гош соопшти дека ова е досега најбрзиот „Nisѕan GT-R“.

nismoo4

„Со време (на Нирбургринг) oд 7:08.679, можеме слободно да кажеме дека „GT-R“ е рекордер кога се во прашање сериските автомобили“, вели Гош.

Ако времето околу оваа патека не ви говори се, се што треба да знаете е 3,8-литарски V6 со 600 „коња“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП