18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSamsung исто како и Apple подготвува две верзии на Galaxy S5

Samsung исто како и Apple подготвува две верзии на Galaxy S5

Samsung-Galaxy-S5-re

Во прилог на се поголемиот број на гласини во врска со моделот „Samsung Galaxy S5“, нa интернет почнаа да се појавуваат и различни верзии на овој уред.

Се чини дека постојат две верзии, „SM-G900H“ и „SM-G9004“, кои се појавија внатре во „An Tu Tu“ базата на податоци и покажуваат дека станува збор за уред со значително различни спецификации

Всушност, можеме да кажеме дека тие се сосема различни, а единствена работа која е идентична на двата уреда е сензорот на камерата. Ова би можело да биде доказ кој упатува на точноста на информации објавени од  страна на некои аналитичари, всушност дека ќе постојат два главни „Galaxy S5“ модели, слично на тоа што „Apple“ го стори со „iPhone“ – „5S“ и „5C“.

Од друга страна, важно е да се напомене дека тестовите би можеле да бидат подложни на манипулации, затоа што и натаму се е можно кога новиот „Samsung Galaxy“ модел е во прашање.

Доколку овие информации се точни, тие би можеле да бидат показател на перформансите на тест моделот, и не задолжително на последните прототипови.

Судејќи според тестовите, „SM-G900R4“ поседува 2.5GHz Snapdragon 800 процесор, Adreno 330 GPU, 3GB RAM, 32GB интерна меморија и QHD 2.560 x 1.400 екран, како и камера од 16 мегапиксели. Овој уред на тестот доби 31.843 поени, што е малку послаб од резултатот на „Galaxy Note 3“.

Втората верзија на уредот, „SM-G900H“ најверојатно поседува „octa-core“ „Samsung Exynos“ 5422 процесор на 1.5GHz, 2GB RAM, 16GB интерна меморија и Full HD 1.920 x 1.080 екран и иста камера како и другиот модел. Резултатите од тестовите го ставаат овој модел пред „Note 3“ со 35.445 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП