12 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако ќе изгледа малиот спортски автомобил на Mercedes?

Како ќе изгледа малиот спортски автомобил на Mercedes?

mercedes-benz-slc-sls-amg-2

Еден од највпечатливите елементи на славниот „Mercedes SLS“ е неговиот преден дел, со хауба што е една од најдолгите во индустријата.

Се очекува дека на новиот мал спортски „Mercedes“ да биде применет истиот рецепт. Исто така, се очекува малиот „SLS“ да биде наречен „AMG GT“ или „SLC“.

По извештајот за тестирањето на прототипот на патиштата, како и по шпионските фотографии на маскираниот автомобил, италијанскиот магазин „Quattroruote“ ја представи својата визија на малиот „SLS“.

Новиот модел треба да се појави на пазарот следната година со почетна цена од околу 70.000 евра.

Во „Mercedes“ сметаат дека овој модел ќе привлече купувачи кои инаку се интересираат за автомобили како „Porsche 911 Carerra S“ или „Audi R8s“.

Под хаубата би требало да се најде V8, твин-турбо мотор со зафатнина од четири литри. Се претпоставува дека овој мотор ќе развива околу 500 кс во својата најсилна верзија.

Овој спортски модел, иако е многу сличен на „SLS“, според визијата на Италијанците ќе има класични купе врати.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП