10 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИзненадувачки факти за среќата и работата

Изненадувачки факти за среќата и работата

H

Повеќето шефови (барем во теорија) знаат дека среќните вработени се попродуктивни од оние кои не се чувствуваат така. Сепак, се покажало дека многу работи кои вработените ги прават среќни во суштина не ја зголемуваат нивната продуктивност.

Повеќето компании се обидуваат да ги направат среќни своите вработени со тоа што самото работно место ќе им го направат позабавно воведувајќи им видео игри и теретани. Други компании пак, работат на изградба на чувство на поврзаност меѓу членовите на тимот.

Додека овие потези можеби ги прават вработените посреќни, тие не доведуваат до зголемување на нивната продуктивност, а можат да имаат и спротивен ефект. Имено, во текот на претходните три години истражувачот од Харвард универзитетот, Метју А. Килингсворт, собирал податоци за кориниците на апликацијата „Track Your Happiness“ која им овозможува на луѓето во реално време да се искажат како се чувствуваат.

Највеќе изненадува резултатот според кој луѓето наведувале дека се најсреќни кога се заљубени во тоа што го работат, односно, нивната среќа се намалувала кога имале прилика мозокот да им „одлета“. Ваквите податоци покажуваат дека вработените не се попродуктивни кога се среќни. Среќни се кога се фокусирани, што како нус-појава може да ја има зголемувањето на продуктивноста.

Така среќата на вработените може да им ја зголеми видео играта со оглед на тоа дека потполно го презема вниманието на личноста, но таа среќа нема да доведе до зголемување на продуктивноста на вработениот. Значи, ако самата работа не дозволува личноста потполно да се фокусира, работните активности ќе патат во однос на забавата на работното место. Затоа компаниите би требало да им го олеснат на своите вработени фокусирањето на работните обврски, со што тие ќе бидат попродуктивни, а истовремено и среќни.

За да се дојде до најдобрите резултати, се препорачуваат следниве пристапи:

Не им давајте на вработените премногу работа. Кога луѓето се преоптоварени со количината на работа и кога се свесни дека тешко ќе можат да ги завршат зададените задачи во предвидениот рок, ќе бидат фокусирани токму на количината на работата, а не на самата работа.

Не им давајте на вработените премалку работа. Кога луѓето немаат доволно обврски, нивните умови лутаат, а со вишокот време попрво ќе се фокусираат на канцелариските трачеви и на видео игрите.

Тргнете се што може да им пречи на вработените на работното место. Намалете го нивото на бучава.

Балансот помеѓу приватниот и деловниот живот е императив. Флексибилното работно време и можноста за работа од дома, ќе им помогне на вработените да се изборат со приватните проблеми надвор од работното време, па така ќе можат да се фокусираат само на работата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП