13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретставен Lincoln Navigator за 2015-та

Претставен Lincoln Navigator за 2015-та

linkonn

„Lincoln“ официјално го претстави моделот „Navigator“ за 2015-та година, пред дебито на ова возило на саемот за автомобили во Чикаго. Дизајниран да се натпреварува со моделот „Cadillac Escalade“, редизајнираниот „Navigator“ e опремен со гломазен поклопец на моторот и нова решетка.

Како што се движиме наназад можеме да видиме хромирани украси, редизајнирани задни светла и 20 инчни алуминиумски тркала.

linkonn1

Кабината на овој модел е опремена со кожни и дрвени елементи на управувачот, потоа тестер за стартување, а тука и „MyLincoln Touch“ информационо забавниот систем.

За овој модел се користени квалитетни материјали, а е променета и рачката на менувачот за брзини, како и „PowerFold“ третиот ред седишта.

linkonn2

Под поклопецот овој модел поседува „twin-turbo“ 3.5L „EcoBoost“ мотор кој го замени стариот 5.4 V8 мотор. Подетални перформанси не се објавени, но знаеме дка овој мотор може да развие најмалку 370ks и 582Nm вртежен момент.

Моторот е поврзан со шестстепен автоматски менувач кој може изборно да се поврзе со „Control Track“ системот за погон на сите четири тркала.

linkonn3

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП