17 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle купи 6 проценти удел во Lenovo

Google купи 6 проценти удел во Lenovo

google lenovovo

„Google“ купил удел од 5,94 % во кинескиот производител на компјутери и мобилни уреди „Lenovo“, соопшти Ројтерс, повикувајќи се на информации на берзата во Хонг Конг.

Според податоците уште на 30-ти јануари „Google“ има стекнато 618,3 милиони акции на „Lenovo“ за 1,21 долари за акција и платил платила вкупно 750 милиони долари за блиску шестпроцентниот удел.

Инвестицијата најверојатно е дел од договорот меѓу двете компании за „Motorola“.

Ден пред купувањето на акциите стана познато дека „Google“ на технолошката компанија ќе го продаде на одделот за мобилни уреди „Motorola Mobility“ за 2,91 милијарди долари. „Lenovo“ ќе му плати на „Google“ 660 милиони долари при склучувањето на договорот и уште 750 милиони во хартии од вредност – колкава  е токму вредноста на оваа берзанска зделка.

Останатите 1,5 милијарди долари ќе бидат исплатени во текот на 3 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП