24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗBMW го претстави освежениот X3 (фото)

BMW го претстави освежениот X3 (фото)

neue x3

„BMW“ ги објави фотографиите и техничките детали од редизајнираниот модел „X3“. Покрај надворешните и внатрешните естетски зафати, во редизајнот се вклучени и подобрувања на моторите.

Како и кај другите производители, така и во „BMW“ третата или четвртата година од производството на некој модел е резервирана за негово освежување. На ред дојде и „Х3“ чија втора генерација беше претставена во 2010-та година.

neue x31

„BMW“ се потруди визуелно да ја освежи надворешноста на своето „SUV“ возило, пред се неговиот преден дел, кој е во контекст со дизајнот на најновите модели на оваа компанија.

Па така изменет е обликот на фаровите, кој сега изгледа многу помодерно со „LED“ технологијата, додека маската, според новите „BMW“ автомобили, е испакната со нагласени хромирани рамки. Промените на предниот дел се заокружуваат со редизајнираниот браник.

neue x32

Дотерувањето го вклучи и задниот дел од автомобилиот, а тука се и новите надворешни ретровизори со интегрирани покажувачи на правецот.

На купувачите ќе им бидат понудени и нови бои за екстериерот и редизајнирани алуминиумски бандажи. Вкупните козметички подобрувања, визуелно „BMW X3“ ќе го доближи со неодамна претставените модели на германскиот производител, како што се „X5“ или „Seriеѕ 4“.

neue x33

Во внатрешноста на возилото исто така се извршени одредени промени, како  понудата на нови дезени на тапацирот и украсни хромирани и високосјајни црни детали, а подобрен е и „iDrive“ системот.

Кога станува збор за моторите, „BMW“ во верзијата „xDrive20d“ за прв пат понуди нов 2.0-литарски турбо дизел кој произведува 190 ks и 400 Nm.

neue x34

Mоторот е за 6ks помоќен од претходниот и располага со 20Nm повеќе. Според фабричките податоци, новиот „BMW xDrive20d“ oд 0 дo 100 km/h стигнува за 8,1 s.

„BMW“ го истакнува и економичниот „sDrive18d“, со заден погон, кој доаѓа во пакет со гуми со низок коефициент за отпорт на тркалање.

neue x35

Оваа верзија под хаубата има 2.0-литарски турбо дизел со 150 ks и 360 Nm, a во комбиниран циклус на возење просечно троши 5 l/100 km и емитува 131 g CO2/km.

Во зависност од пазарите, освежениот „BMW X3“ ќе биде достапен во верзии со четири дизел и три бензински мотори, чиј распон на моќта се движи од 150 ks (sDrive18d), па до 313 ks во „BMW xDrive35i“ кој под хаубата има 3.0-литарски шестцилиндарски турбо-бензински мотор.

neue x36

Редизајнираниот „BMW X3“ први ќе може да го видат посетителите на саемот за автомобили во Женева, по што овој модел ќе пристигне во продажните салони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП