ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПогледнете го вашето минато на Фејсбук

Погледнете го вашето минато на Фејсбук

pow

Во интернет годините, Фејсбук е доста стар имајќи предвид дека компанијата го прослави својот 10-ти роденден и притоа ги повика своите корисници да и се придружат на забавата преку „Look Back“ видео снимките.

Проектот, кој го надгледувале бројни тимови на компанијата, ги прикажува 15-те „најлајкувани“ постови, статуси и животни моменти на секој корисник, проследени со музика.

– Една од работите која не мотивираше е фактот дека вакво нешто би можеле да направат само неколку компании и да подготват видео снимки за толкав број на луѓе, изјави лидерот на овој проект во Фејсбук.

Основачот на оваа социјална мрежа Марк Цукерберг им испрати на своите корисници порака:

– Многу ретко може да се има ваква можност и да влијаете на толкав број животи. Постојано се потсетувам да го искористам секој ден најдобро што можам и да влијаам на светот на нјдобар можен начин. Беше неверојатно да ве видам сите вас како сте ги користеле нашите алатки за да создадете вистинска заедница, се наведува во неговата порака.