28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтартуваше производството на новата Mercedes C class (видео)

Стартуваше производството на новата Mercedes C class (видео)

proizvodstvo c class

Во фабриката во Бремен започна производството на новата генерација на „C сlasѕ“. Покрај во овој германски град, новиот модел ќе се изработува уште во три фабрики на „Mercedes“, ширум светот.

Новата „Mercedes C сlasѕ“ ќе се симне и од производните ленти во фабриките во Кина, Јужна Африка и САД, што значи дека ќе се произведува дури на четири континенти.

Погледнете ги сцените од фабриката на „Mercedes“ во Бремен:

Од „Mercedes“ истакнуваат дека станува збор за многу важен модел за планирање на стратегијата за раст на производството до 2020-та година.

„Новата „Mercedes C сlasѕ“ поставува нови стандарди во сегментот на автомобили на кои им припаѓа, како во доменот на дизајн и квалитет, така и во погледот на конструкцијата и бројните електронски системи“, нагласи претседателот на компанијата, Дитер Цече.

proizvodstvo c class1

Новата „C сlasѕ“ на почетокот на продажбата ќе биде достапна во верзии со три различни погонски агрегати – два бензински и еден дизел.

„Mercedes C 180“ е опремен со 1.6-литарски мотор кој испорачува 156 ks (115 kW) и 250 Nm максимален вртежен момент. Вториот бензински модел, „C 200“, под хаубата има 2.0-литарски мотор со 184 ks (135 kW) и 300Nm.

proizvodstvo c class2

Единствениот дизел агрегат кој ќе се најде во понудата при лансирањето на новата „C сlasѕ“ е „C 220 BlueTEC“, поточно 2.2-литарски мотор кој може да произведе 170 ks (125 kW) и 400 Nm максимален вртежен момент.

Во продажба подоцна ќе се најдат уште неколку погонски опции.

„Mercedes C сlasѕ“ веќе може да се нарача во Германија, а почетната цена за „C 180“ изнесува 33.558 eвра, зa „C 200“ треба да се одвојат од 36.414 eвра, додека „C 220 BlueTEC“ чини од 38.675 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП