4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрви фотографии од моделот Citroen C4 Cactus (фото)

Први фотографии од моделот Citroen C4 Cactus (фото)

kaktus citroen1

Во очекување „Citroen“ официјално да го претстави својот нов кросовер, на интернет се појавија првите фотографии од овој необичен модел.

Очигледно, „Citroen C4 Cactus“ ќе биде еден од ретките автомобили чија сериска верзија верно ќе го одржи дизајнот на концептното возило. И покрај помалку невообичаениот изглед, на францускиот производител треба да му се оддаде призание за тоа што се осмели дизајнерската студија прикажана на авто-саемот во Франкфурт, на овој начин да ја претвори во сериски модел.

kaktus citroen2

Најголемото отстапување од концептот претставуваат централните носачи на покривот на продукцискиот модел, што беше неопходно од конструктивни, односно безбедносни причини.

Многу малку компромис е направен и во кабината. Таа и натаму изгледа едноставно и футуристички, со два правоаголни екрани, од кои тој пред возачот ќе ја замени класичната инструмент табла, а другиот припаѓа на мултимедијалниот систем.

Сепак, најинтересно е тоа што „Citroen“ ги задржа контраверзните т.н. „надворешни воздушни перничиња“, кои ќе треба да спречат помали оштетувања на каросеријата, како гребаници или мали удари кои може да се случат при возењето во град.

kaktus citroen3

Имено, најизложените делови од вратите, аголните елементи на крилата и централниот сегмент на вратата на багажникот се обложени со овој специјален флексибилен материјал кој апсорбира послаби удари.

Засега не е познато дали „Citroen“ во сериската верзија го пренесе и моторот од концептот. Потсетуваме, стануваше збор за системот „Hybrid Air“ кој компанијата „Peugeot-Citroen“ го најави на почетокот на 2013-та и кој покрај бензинскиот мотор за придвижување на возилото користи и компримиран воздух.

kaktus citroen4

Во очекување сме „Citroen“ наскоро да ги објави податоците за погонскиот систем, како и останатите технички детали, а судејќи според првите фотографии моделот „C4 Cactus“ ќе внесе нова доза на свежина во сегментот кросовер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП