26 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПет причини поради кои ја сакаме и мразиме платформата Windows Phone

Пет причини поради кои ја сакаме и мразиме платформата Windows Phone

win phone platforma

Платформата „Windows Phone“, без оглед на бавниот развој и ажурирањето на можностите во споредба со конкуренцијата, полека но сигурно го пронаоѓа својот пат до потрошувачите. Сепак, таа и натаму е полна со недостатоци, но и работи кои едноставно ги сакаме.

Алојсиус Лоу за страната „CNET“ претстави пет причини поради кои „Windows Phone 8.x“ во истовреме се сака и мрази.

„Живите плочи“ од почетниот екран на уредот се една од позитивните страни на платформата. Со новата генерација на уреди, „живите плочки“ сега се достапни во три колони, а по екранот може да се ангажираат по сопствена желба, што не само ја зголемува можноста за прилагодување, туку овозможува и брз поглед на основните податоци.

„Windows Phone 8“ конечно ја воведе и можноста за „screenshot“. Рецезентите, но и просечните корисници повеќе немораат од други уреди да ја симнуваат содржината на екранот за да ја покажат или споделат со други. За волја на вистината, и во овој аспект платформата доцни зад конкуренцијата.

Мобилната верзија на интернет пребарувачот „IE 10“ нa „Windows Phone 8“ навистина се мрази и сака.

Пребарувачот е навистина брз и работи без проблеми, но и натаму е далеку од совршен.

Отворањето на било какви „web“-страни од апликацијата редовно ги брише страниците на кои сте го оставиле пребарувачот, што е можно да се среди така што со подесување може да се намести со отворање на нов таб. Меѓутоа, многу е чудно зошто оваа можност е ставена како изборна.

Во целиот минимализам на платформата, тешко е да се помине преку достапноста на едно од копчињата на екранот за преглед на содржините.

Мултитаскингот на „Windows Phone“ е хорор. Копчетот „Back“ тука е посебен проблем (подобро речено – неконзистентно однесување на копчето), а друг е фактот дека апликацијата може да се затвори дури со надоградба на „Lumia Black“ зa паметните телефони на „Nokiа“.

Ниту тогаш решението не е идеално, затоа што со прстот мора да се погоди ознаката „х“, наместо се да биде решено со едноставно повлекување на апликацијата надвор од екранот.

Имплементацијата на „Kids Corner“ е извршена, пишува Лоу за „CNET“. Станува збор за посебна работна површина за деца со која родителите можат да ги постават и ограничат можностите на уредот, а тоа вклучува и различни содржини, игри, апликации и друго.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП