3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКинезите купиле 22 милиони нови возила во 2013-та

Кинезите купиле 22 милиони нови возила во 2013-та

kina koli

Кина во 2013-та година го задржа првото место во светот по бројот на продадени нови автомобили, а резултатот од преку дваесет милиони испорачани возила во една година, досега не успеа да го забележи ниту една друга земја во историјата.

Поточно, бројот на продадени автомобили изнесува 21.984.100 примероци. Колку овој резултат е значаен кога станува збор за автомобилската индустрија, сведочи и податокот дека во САД со растот на испораките на домашниот пазар и 15.6 милиони продадени возила во 2013-та, останаа далеку зад Кина.

Продажбата на кинескиот пазар во 2013-та година порасна за 13,9% во споредба со претходната 2012-та, а се проценува силниот раст да продолжи и во 2014-та. Најмногу автомобили се испорачани во декември или 2.13 милиони примероци.

Кинезите се познати по нивната склоност кон лимузините, па така продажбата на седани во 2013-та е зголемена за 47 проценти или на 7.3 милиони возила.

Според податоците кои ги објави американскиот „CBS“, најпродаван модел на кинескиот пазар бил „Ford Focus“ со 403.000 испорачани единици, што претставува раст од 36,2 отсто. По него следат „VW Lavida“ (верзија на моделот „Jetta“ за кинескиот пазар) и „Buick Excelle“ (во класата на „Opel Astrа Sedan“).

„Volkswagen“ е производителот кој продал најмногу возила во Кина во 2013-та. Со испорачани 2.4 милиони автомобили, германската компанија забележа раст од 16.9 проценти во однос на резултатот од 2012-та. Следуваат „Hyundai“, „Toyota“, „Nissan“ и „General Motors“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП