6 мај, 2024

Audi Q8 e – Tron

audi q8 etron

„Audi“ ги објави плановите за создавање на целосно нов „SUV“, кој ќе се движи единствено и само на електрична енергија. Причината за ваквиот развој е директна битка со „Tesla“, кои претходно најавија дека на пазарот ќе го лансираат новиот модел „X“.

„Q8 e – Tron“ ќе ја поседува технологијата која може да се најде и во моделот „R8 e – Tron“, кој ќе биде претставен во 2017-та година. Германските инженери ќе се обидат да стигнат до храбриот резултат од 592 километри со едно полнење.

Интересот почна да се зголемува, бидејќи „Tesla Model X“ ќе се појави во салоните за неколку месеци, што го скратува и времето за реакција на германската компанија. Двата модели ќе имаат слична технологија и битката за внимание ќе е насочена кон километрите кои може да ги поминат.

Во „Audi“ ќе користат батерии со моќност од 80 kWh. Со овој експеримент ќе се подобрат и можностите на бензинската и дизел верзијата, а се очекува и хибридната верзија дополнително да ја урне потрошувачката на гориво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП