19 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИFlappy Bird го освојува светот

Flappy Bird го освојува светот

flappy birds

Пак птица. Но не како оние од „Angry Birds“, кои се покажаа како шпиони во рацете на Агенцијата за национална безбедност на САД. Играта „Flappy Bird“, создадена од малку познатиот виетнамски инвеститорот Жуан Ха Донг, започна да го покорува светот.

Од нејзината понуда на крајот на јануари, па до сега, таа стекнува огромна популарност во „App Store“ и „Google Play“. Секој ден оваа игра е превземена над милион пати од корисниците на платформите „Android“ и „iOS“.

Што всушност претставува играта? Па, треба да спасувате една смешна жолта птица да не ја допре зелената подолога. Едноставно, но не толку. Комплексноста на играта е во тоа што мора постојано да ја менувате висината на летот на птицата преку еднократни допири на екранот.

Секоја прескокната пречка ви носи еден поен. Корисниците забележуваат дека играта е прилично комплицирана и никако не е лесно да се соберат повеќе од 200 поени. Постојаниот пораз иритира, а некои дури посакуваат да го удрат телефон од земјата. На крајот сепак желбата да се постигне нов личен рекорд ги надминува сите нервози. Играта е апсолутно лишена од секаква смисла и едноставно е многу добра за да се потроши слободното време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП