8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрв поглед на новиот Opel Vivaro

Прв поглед на новиот Opel Vivaro

vivarooo

Германскиот производител на автомобили „Оpel“ најави дека на почетокот на летото ќе ја претстави новата генерација од моделот „Vivaro“, со нов дизајн, нови мотори и нова технологија.

Во оваа компанија велат дека новиот „Vivaro“ ќе има уште поекономични мотори и подорби перформанси. Новата генерација донесува и помодерен и поскладен изглед, што може да се види на првата компјутерска слика од овој модел.

На предниот дел од новиот „Vivaro“ ќе доминира голема, впечатлива маска на ладилникот со график во облик на крилја, која заедно со впечатливите фарови ќе ги интегрира препознатливите елементи и форми на патничките автомобили на „Оpel“.

Повеќе детали за новата генерација од „Оpel Vivaro“ и првите фотографии на овој модел ќе следат во многу скоро време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП