5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовата Corsa ќе се појави во Париз

Новата Corsa ќе се појави во Париз

opel_corsa_2014_reference

По речиси осум години, „Opel“ конечно ја најави новата „Corsа“ која ќе биде официјално промовирана оваа есен на Саемот за автомобили во Париз.

Атрактивен дизајн, зголемени димензии на каросеријата, целосно нов ентериер, палета на економични агрегати и пазарната традиција се главните адути на „Corsа“.

Според најавите од Рузелхајм, најмногу се смета на новиот трицилиндарски агрегат на „Opel“ со зафатнина од 1000 ccm кој располага со дури 113 KS и емисија од C02 под 100 gr/km.

Без сомнение, „Opel Corsa“, барем од тоа што можеме да го видиме од првите компјутерски фотографии кои ги објави британскиот „Autoexpress“, има големи шанси да ја задржи својата репутација за еден од најдобро продаваните автомобили во „B“ сегментот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП