3 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИБежично полнење за iWatch?

Бежично полнење за iWatch?

apple saat baterija

Скоро секојдневно во медиумите се појавува некоја информација за тоа каков би бил паметниот часовник на „Apple“, кога би требало да се појави, каква технологија ќе користи и кои функции ќе може да ги извршува. Откако се појавија шпекулациите за тоа дека „iWatch“ ќе биде насочен пред се на здравјето на корисникот, сега „New York Times“ пишува дека компанијата тестира и различни бежични начини за полнење на батеријата на овој уред.

Најверојатно кандидатот за методот кој со електрична енергија ќе се полни идниот часовник на „Apple“ е индукцијата. Во тој случај на часовникот ќе треба да се постави посебна базна станица која би емитирала електромагнети барнови, кои часовникот ќе ги прима и ќе ги претвора во електрична енергија.

Покрај овој начин, компанијата најверојатно тестира и соларно полнење по пат на мали панели кои се сместени на самиот часовник. Истиот избор споменува уште една можна технологија. Станува збор за инерциско полнење на батеријата која ја имаат многу од класичните часовници, па овој часовник би можел да се полни со претварање на кинетичката енергија во електрична секој пат кога корисникот ќе ја придивижи раката на која го носи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП