3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРекордна продажба и на AMG одделението на Mercedes

Рекордна продажба и на AMG одделението на Mercedes

amg rekord

„Mercedes“ во 2013-та забележа рекордни продажни резултати, што резултираше и на раст на продажбата на спортското „AMG“ одделение. На купувачите ширум светот во 2013-та година им беа испорачани 32.000 автомобили со знакот на „AMG“, што претставува најдобра годишна продажба во историјата на ова одделение.

„Зад нас е најдобрата година досега, а исклучителниот раст на продажбата во 2013-та година ги надмина сите очекувања“, изјави претседателот на управниот одбор на компанијата „Mercedes-AMG“, Тобијас Моерс.

На рекордната продажба влијаеа повеќе фактори, меѓу кои и воведувањето на системот „4MATIC“ во многуте модели, вклучувајќи ги и „E 63 AMG“ и „CLS 63 AMG“. По што на купувачите на моделот „E 63 AMG“ им е понудена „4MATIC“ технологија, а дури 90 проценти од заинтересираните за овој модел се определиле за варијантата со погон на сите тркала.

Рекордниот број на испорачани возила е постигнат и благодарејќи на лансирањето на нови, целосно пристапни компактни модели, како што се „Mercedes A 45 AMG“ и „CLA 45 AMG“.

Инаку, глобалниот раст на продажбата на моделите „AMG“ во 2013-та година изнесуваше 20 проценти, додека во Германија продажбата се зголеми за 10 проценти, а во Британија за 40 проценти.

Бројот на испораките во Кина порасна за една четвртина во споредба со 2012-та, иако на тој пазар се уште не се достапни некои од најновите модели, како што се „A 45 AMG“ и „CLA 45 AMG“, како и „S 63 AMG 4MATIC“.

Компанијата „AMG“ во 1967-та година ја основале Ханс Вернер Ауфрехт и Ергард Мелчер, а компанијата од скромните почетоци за нешто повеќе од четири децении порасна на 1.200 работници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП