25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИАкциите ја започнаа неделата со загуби

Акциите ја започнаа неделата со загуби

stoks

Цените на акциите на азиските пазари ја започнаа неделата со загуби поради загриженоста за застојот во Кина и притисокот врз пазарите во развој.

Јапонскиот Nikkei 225 индекс се намали за 1.98%, австралискиот ASX/200 за 0.04%, додека пак пазарите во Хонг Конг се затворени поради новогодишните празници.

Инвеститорите не сакаат да ризикуваат пред да се стабилизираат пазарите во развој кои се потресени поради намалувањето на стимулативните мерки на американската централна банка.

Земјите во развој се обидуваат да го спречат одливот на странски капитал, па во текот на минатата недела централните банки на Турција и Јужна Африка ги зголемија каматните стапки со цел да го намалат притисокот врз нивните валути. Сепак, засега овој потег не дава забележителни резултати.

На пазарите во развој лошо влијае и забавувањето на растот на кинеската економија бидејќи Кина претставува главен пазар за извоз на многу од овие земји.

Европските акции исто така ослабнаа поради загриженоста за застојот во Кина.

EURO STOXX 50 падна за 0.35%, францускиот CAC 40 се спушти за 0.1%, лондонски FTSE 100 ослабна за 0.05%, а германскиот DAX 30 беше понизок за 0.3%.

 

Адмирал Маркетс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП