Најновата конзола на „Microsoft“ – „Xbox One“ до крајот на оваа година би требало да добие своја евтина верзија.
Неименуваниот извор не потврди дали станува збор за верзија без диск систем, но рече дека ќе биде поевтина од актуелниот модел, кој се продава по цена од 499 долари.
„Microsoft“ најверојатно планира евтин модел на конзолата „Xbox One“ без „Блу реј“ и драјв од 1TB, a па така цената би требало да биде пониска за 100 долари. Така „Xbox One“ би можел да продолжи да се натпреварува со конзолата „PlayStation 4“, која „Sony“ ја продава за цена од 399 долари.
Исто така се појавија и шпекулации дека во понудата ќе се најде и бела верзија на „Xbox One“, а дека до март системот ќе добие ново надоградување, а од 11-ти ноември може да се очекува и римејк на играта Halo 2.