
Нокиа го подготвува првиот смартфон со Андроид оперативен систем „Норманди“, што треба да биде претставен на Саемот во Барселона.


Нокиа го подготвува првиот смартфон со Андроид оперативен систем „Норманди“, што треба да биде претставен на Саемот во Барселона.
Норманди или Нокиа Х е смартфон наменет за пазарите во развој. Досега моделите на Нокиа за овој пазар беа Аша, а сега на нивно место ќе дојде Норманди со значително изменет Андорид опретивен систем и хардверски дел од Нокиа.
Апликациите и сервисите на Норманди ќе биде „модифицирани“ со специјален интерфејс што претставува комбинација на Виндоус и МиГоа.
Норманди има екран од четири инчи со резолуција од 854х480 пиксели, двојадрен процесор од еден гигахерц и 512 мегабајти работна меморија.
Смартфонот ќе има камера само на задниот дел од пет мегапиксели.
Дизајнот на Норманди значително потсетува на Лумиа серијата на Нокиа и ќе биде достапен во шест различни бои.
Премиерата на уредот ќе биде Саемот во Барселона, каде Нокиа најавува голема конференција уште на првиот ден.