2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАTango Tech го развива најмалиот и најмоќен компјутер во светот (видео)

Tango Tech го развива најмалиот и најмоќен компјутер во светот (видео)

mal pc

Иако поголемиот дел од технолошките компании и корисниците, веруваат дека иднината е во мобилните уреди како паметни телефони и таблети, но не сите се толку уверени. Компанијата „Tango Tech“ пример развива минијатурен „Pocket PC“, за кој тврдат дека ќе е најмалиот и најмоќен целосно опремен компјутер.

„Tango PC“ ќе е со димензии 125х80х13.5 мм. Уредот ќе располага со 4 -core AMD A6 – 5200 процесор со 2GHz  и вграден GCN HD8400 видео контролер. RAM меморија е од лаптоп и може да биде помеѓу 2GB и 8GB .

Компјутерот ќе се потпира на mSATA SSD меморијата за чување на датотеки. Таа може да е со капацитет од 32GB до 512GB. „Tango PC“ ќе може да се нарача со „Windows 7 Home Premium“, како и да му се инсталираат секакви други „PC“- компатибилни оперативни системи.

Главното тело на „Tango PC“ има порта исклучиво за поврзување со докинг станица. Идејата е корисникот да има неколку такви на различни места. Пример една соба поврзана со компјутерски монитор, една во дневната соба за ТВ и една на работа.

Така корисникот секогаш може да се пофали со еден полн персонален компјутер без да мора да носи со него гломазен лаптоп, на пример. Барем таква е идејата на „Tango Tech“. Самата „Docking“ станица располага со „HDMI“ порт, 4 USB портови, WiFi и др.

Комплет од еден „Tango PC“ уред и „Docking“ станица со 4GB RAM , 32GB SSD и „Windows 7“ ќе чини 450 долари. Секоја дополнителна „Docking“ станица ќе чини 89 долари. Се очекува продажбата да започне во април годинава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП