3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTata Nano: Нула ѕвезди на тестот за безбедност

Tata Nano: Нула ѕвезди на тестот за безбедност

tata nano

Евтиниот индиски автомобил покажа катастрофални резултати во независниот тест за безбедност кој го организираше британски „Global NCAP“.

Како што пишува „Гардијан“, за време на подготвувањето на автомобилот за тест-судар, работниците биле многу загрижени како ќе помине тестот, не толку поради „Tatа Nano“, туку поради скапоцените тест-кукли кои се поставени во возилото.

Имено, овие кукли кои се конструирани со своите димензии, структура и тежина да ги симулираат карактеристиките на возрасен човек, заедно со мерните инструменти чинат околу 100.000 евра, што е педесетина пати повеќе од цената на моделот кој овој пат се најде на тест.

Дека имало причина за загриженост, покажува и видео снимката од симулираниот тест-судар.

Резултатите беа катастрофални, па „Tata Nano“ доби оценка „нула“ кога станува збор за безбедноста на возразните патници, така и кај децата, за кои не постои можност за вградување на детско седиште.

Една од причините за вака лошиот резултат е тоа што „Global NCAP“ за тестирањата бира основна варијанта на секој модел кој се испитува, што значи дека моделот „Nano“ кој е користен на тестот немал ниту едно воздушно перниче. Сепак, како што може да се види на снимката, недостатокот на воздушно перниче не е единствената грижа за овој индиски производител. Проблемот е во слабата струткура на целиот автомобил.

„Благодарејќи на лошата структура на лошото возило, ризикот од повреди опасни по живот е зголемен. Покрај тоа, ваквата структура на автомобилот го прави недостоен за вградување на воздушно перниче“, се вели во соопштението на „Global NCAP“.

Тестирањето на фронтален судар е изведен при брзина од 64 km/h, која е вообичаен и другите слични испитувања кои ги спроведува „EuroNCAP“ или американскиот „IIHS“. Меѓутоа, како што објави „Global NCAP“, моделот „Nano“ не успеа да ги помине минималните безбедносни стандарди кои се пропишани во Велика Британија, на тест-судар при нешто пониска брзина која изнесувала 56 km/h.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП