2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИХакери повторно го нападнаа Yahoo webmail

Хакери повторно го нападнаа Yahoo webmail

yahoo napad

„Yahoo“ ги ресетираше лозинките на повеќе кориснички сметки во својот „webmail“, кои биле мета на напад со цел да се соберат приватните податоци од неодамна испратените пораки.

Хакерите за упад во системот употребиле злонамерен софтвер и список на корисички имиња и лозинки до кои веројатно дошле за време на претходниот напад, кога успеале да нападнат една база на податоци на компании со кои работи „Yahoo“.

Во соопштението на официјалниот блог не е споменато за кои компании станува збор, кога се случил нападот, како и за колку кориснички имиња станува збор. Истрагата, во која е вклучена и полицијата, моментално е во тек.

Од „Yahoo“ ги ресетирале лозинките и го користат вториот степен на верицикација за на корисниците да им овозможат пристап до електронските пошти. Тоа значи дека испраќаат еднократна лозинка на мобилен телефон, која мора да се внесе доколку сакаат да имаат пристап до корисничките сметки.

Надлежните превземале и дополнителни мерки за безбедност се со цел да ги блокираат идните напади. Од „Yahoo“ ги советуваат корисниците редовно да ја менуваат лозинката, како и да не ја користат лозинката за пристап на различни сервиси.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП