4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHTC откри детали од смартфонот Desire 310

HTC откри детали од смартфонот Desire 310

htc desire 310

Компанијата „HTC“ се подготвува да го претстави својот евтин смартфон со „quad-core“ процесор, кој ќе се нарекува „HTC Desire 310“.

Спецификациите на овој телефон по грешка се појавија на интернет страната на компанијата „HTC“, но потоа веднаш беа отстранети, но сепак тоа беше предоцна. Одредени медиуми веднаш ги објавија деталите за смартфонот „Desire 310“.

Уредот ќе има „MediaTek“ 1,3GHz quad-core процесор и 512MB RAM, 4,5-инчен екран со резолуција од 480×854 пиксели. Камерата на задната страна ќе има 5 мегапиксели, а телефонот ќе има и предна „VGA“ камера.

Кога меморијата е во прашање, „Desire 310“ ќе има 4GB интерна меморија, која ќе може да се прошири со „microSD“ картичка.

„HTC Desire 310“ ќе го користи оперативниот систем „Android 4.2.2 Jelly Bean“, a поседува и два „SIM“ слота. Инаку се очекува овој уред да биде претставен во февруари на „Mobile World Congress“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП