6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретставен новиот Mercedes V сlass (фото+видео)

Претставен новиот Mercedes V сlass (фото+видео)

v 1

„Mercedes“ денеска во Минхен официјално го претстави својот нов адут во сегментот на луксузни „MPV“ возила, која ќе го земе името „V-сlasѕ“. Ова повеќенаменско возило ќе го заемени „Vianо“, a дизајнерските решенија се позајмени од „C“, „E“ и „S-сlasѕ“.

v 2

„V-сlasѕ“ е наменет за поголемите семејства и за превоз на патници на пократки релации со капацитет од осум комфорни и луксузни места.

v 3

Германскиот производител соопшти дека нивното ново возило е единствено за „MPV“ сегментот со функции како одржување на правецот при силни странични ветрови, детектор за замор на возачот и „touchpad“ контролната површина за инфо-забавниот систем.

v 4

Под хаубата, моделот „200 DCI“ ќе има 2.1-литарски четирицилиндарски мотор со 136KS и 330Nm вртежен момент. „220CDI“ располага со 163KS и 380Nm вртежен момент, а тука е и „250 BlueTec“ со 190KS и 440 Nm вртежен момент.

v 5

Со оглед дека е планиран за широк спектар на корисници, „V-сlasѕ“ е предмет на бројни модификации, а купувачите можат да избираат меѓу краткото (3.200mm) и долгото (3.430mm) меѓуосовинско растојание, како и трите различни должини на возила од 4.895mm дo 5.370mm.

Официјалната светска премиера е закажана за авто-саемот во Женева во почетокот на март, а по тоа „V-сlasѕ“ ќе биде достапен на купувачите ширум Европа, но засега не е позната цената на ова возило.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП