4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОд Samsung подготват смартфон со рекордна резолуција

Од Samsung подготват смартфон со рекордна резолуција

samsung-zoom-story

Вестите поврзани со „Samsung“ и овие денови повторно кружат, но како и да не е така, кога во компанијата не престануваат да не изненадуваат со нови интересни модели, технологии и проекти. Една од последните гласини, која звучи се повеќе веродостојно е дека компанијата подготвува паметен телефон кој ќе работи со резолуција од 2560 × 1440 пиксели.

Во информацијата, која се појави на конференцијата „Semiconductor and Display Technology Roadmap Seminar 2014“ станува јасно дека моделот со „AMOLED QHD“ екран ќе стане реалност на „MWC 2014“, но не се открива дали ова е новиот „Galaxy S5“ или не.

Но од „Samsung“ сепак не застануваат тука, бидејќи на предметната конференција ги објавија плановите да претстават модел, чија резолуција на „AMOLED“ екранот ќе биде уште поголема (UHD-3480 × 2160 ). Шокантно тука е дека предметниот модел ќе има 5-инчен екран, што на крајот значи вредност од 820 ppi.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП