5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИОтклучување со отпечаток веќе и за корисниците на Android

Отклучување со отпечаток веќе и за корисниците на Android

Image_54

Мобилната апликација „ICE Unlock Fingerprint Secure“ им овозможува на корисниците на телефоните со „Android“ да го отклучат уредот со отпечаток, без да се инсталираат дополнителен хардвер.

„ICE“ ја користи задната камера на телефонот за да направи слика со висока резолуција на прстот. Биометрискиот софтвер го анализира отпечаток, а при отклучување на телефонот бара прстот да биде ставен на камерата за да биде проверен.

По симнувањето на апликацијата и извршувањето на инструкциите за инсталација, екранот на смартфонот изгледа непроменет. Но кога се обидете да го отклучите, ќе бидете наведени да го доближите прстот до камерата. Ако камерата одбие да работи е предвидено воведување на пин код како резервна опција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП