28 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony ги збогатува таблетите со напредни камери

Sony ги збогатува таблетите со напредни камери

sony dodatok

Компанијата „Sony“ за својата серија на таблети разви посебен додаток во вид на напредна камера со зум „SPA-TA1“, кој во продажба ќе се најде во текот на пролетта.

Како што пренесуваат одредени медиуми, „Sony“ сака своите таблети да ги подобри со квалитетни камери, исто како што претходно направи со серијата додатоци наменети за паметните телефони.

Па така од 4-ти април во продажба ќе се најдат „SPA-TA1“ камерите во неколку големини, кои многу едноставно ќе се ставаат на таблетите.

Поточно во продажба ќе се најдат шест големини, наменети за таблетите со ширина од 85 до 190 милиметри. Со овие димензии би требало да се покријат сите таблети на „Sony“, од „Xperia Z Ultra“ дo „Sony Vaio Tap 11“.

Производите прво ќе се најдат во продажба на јапонскиот пазар, а потоа ширум светот, а препорачаната малопродажна цена ќе изнесува 26 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП