28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗГрупацијата „Рено-Нисан“ во 2013. продаде рекордни 8,3 милиони возила

Групацијата „Рено-Нисан“ во 2013. продаде рекордни 8,3 милиони возила

renault-nissan

Групација „Рено-Нисан“ во 2013 година продаде рекордни 8,3 милиони возила, заземајќи го четвртото место на листата на најголеми глобални производители на автомобили, благодарение меѓу другото и на здружувањето на силите со цел да се намалат трошоците.

„Нисан“ во 2013 година на глобално ниво продаде 5,1 милион возила, 3,3 отсто повеќе во однос на 2012 година, додека францускиот производител истовремено испорача 2,63 милиони автомобили.

Групацијата продала вкупно 8,3 милиони возила, вклучувајќи ја и продажбата на руската филијала „АвтоВАЗ“, доаѓајќи на четвртото место според продажбата, зад „Тојота“, „Џенерал Моторс“ (ГМ) и групацијата „Фолксваген“.

„Тојота“ во 2013 година продаде рекордни 9,98 милиони автомобили, благодарение на слабиот јен и силната побарувачка во САД и Кина, најголемиот светски пазар на автомобили.

ГМ, истовремено, продаде 9,71 милион возила, а „Фолксваген“ 9,5 милиони.

Јапонските медиуми пишуваат дека „Рено“ и „Нисан“ планираат да ја интензивираат соработката со понагласено спојување на прозиводството, како и со обединување на истражувањата и развојот во намерата да заштедат 3,8 милијарди долари годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП