27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗArash Motors создава конкурент на Lamborghini Huracan

Arash Motors создава конкурент на Lamborghini Huracan

arsh motorss

Британската компанија „Arash Motor“ соопшти на својата страница на „Facebook“ дека на 28-ми февруари ќе го претстави својот нов суперавтомобил. Се очекува дека овој модел ќе биде конкуренција на „McLaren MP4 – 12C“, „Ferrari 458 Italia“ и најновиот „Lamborghini Huracan“.

За време на создавањето на овој проект компанијата покажа три фотографии од овој модел: шематски приказ на силуетата на возилото и две „живи“ фотографии , на кои може да се разгледаат фрагменти од автомобилот. Сепак засега никакви детали не се откриваат, но тие може да се појават во скоро време.

Претходниот проект на „Arash Motor“ беше спортскиот автомобил „AF- 10“, чие производство започна во 2010-та година. Моделот со 557 коњски сили има  LS7 V8 мотор и 6-брзински мануелен менувач „Graziano“. Забрзувањето до 100 км/ч ова возило го постигнува за 3,4 секунди, а максималната брзина изнесува 328 км/ч. Во 2012-та година се појави и натпреварувачката модификација „AF- 10 LM- 600“ во еден единствен примерок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП