
Вестите кои се појавија минатата година говореа за тоа дека „Google“ работи на тоа да создаде веб апликација за „Chrome“ за мобилните уреди, а плановите беа да се достигне бета форма во јануари.


Вестите кои се појавија минатата година говореа за тоа дека „Google“ работи на тоа да создаде веб апликација за „Chrome“ за мобилните уреди, а плановите беа да се достигне бета форма во јануари.
„Google“ не разочара и беше прилично брз овојпат, т.е. веќе денеска ги објавија алатките за програмерите кои можат да ги прилагодат своите апликации на „iOS“ и „Android“. Како што се говореше во тогашните извештаи, „Google“ има развиено компатибилен слој со помош „open source“ – „Apache Cordova“ кој ќе им овозможи на програмерите да ги префрлат своите апликации и да ги дистрибуираат преку „Apple App“ и „Google Play“.
„Cordova“ всушност им овозможува на програмерите да ги испишат своите апликации во „HTML5“, „CSS“ и „JavaScript“, a потоа да ги „завиткаат“ своите апликации во природен јазик за кодирање за „iOS“ и „Android“, поврзувајќи „API“ со „HTML5“ на природен код што е можно најдобро.