27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗФиат го менува името во....

Фиат го менува името во….

fiat ime

Италијанскиот автомобилски гигант Фиат соопшти денеска дека ќе го промени своето име во „Fiat Chrysler Automobiles“.

Компанијата своите акции ќе ги понуди на берзите во Њујорк и Милано, бидејќи го има комплетирано купувањето на американскиот Крајслер.

„Со цел да се создаде вистински ривал на глобалните автомобилски групации, Управниот одбор одлучи да ја формира компанијата „Fiat Chrysler Automobiles“, регистрирана во Холандија, како мајка компанија на групацијата“, се наведува во соопштението на Фиат.

Според зборовите на извршниот директор на Фиат, Џон Елкан, новото име на компанијата укажува на ново поглавје во нејзиното работење.

„Патувањето кое започна пред една деценија, кога Фиат настојуваше да го осигура своето место на се покомплексниот пазар, резултираше со спојување на двете организации, од кои секоја има голема историја во автомобилската индустрија и различни, но комплементарни географски предности“, вели Елкан.

Претходно денеска,Фиат соопшти дека во четвртиот квартал од минатата година оствариле нешто помали резултати од очекуваните и истовремено ја намалиле прогнозата на профитот за 2014-та, пред се поради падот во продажбата во Латинска Америка.

Со спојувањето на Фиат и Крајслер беше создадена седмата по големина автомобилска групација во светот.

Шефот на Фиат, Серџо Маркионе уште во минатата есен најави дека компанијата, по превземањето на Крајслер ќе добие ново име, како и дека ќе се концентрираат на производството на луксузни брендови како што се Алфа Ромео и Масерати.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП