28 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFelino cB7: спортскиот автомобил од Канада (фото)

Felino cB7: спортскиот автомобил од Канада (фото)

felino 111

На годинешниот саем за автомобили во Монтреал е преставен и новиот спортски автомобил, „Felino cB7“, дело на компанијата „Felino“ од Квебек.

За погон е избран моторот на „General Motors“ од 6.2-литри V8 со 525KS, во пар со шестстепен мануелен менувач (изборно и со секвенцијална трансмисија).

felino 1111

Тежината на овој двосед е 1135 kg (во каросеријата се употербени и јаглеродни влакна), додека односот на тежината изнесува 50:50 напред/назад.

Моделот „cB7“ е долг 419 cm и широк 193 cm, a неговата цена ќе изнесува помалку од 100.000 долари.

felino 11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП