20 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAmazon подготвува своја конзола, конкурент на Xbox One и PlayStation 4

Amazon подготвува своја конзола, конкурент на Xbox One и PlayStation 4

Amazon-Gaming-Console

Уште оваа година „Amazon“ ќе пушти на пазарот своја конзола за видео игри. Овој уред ќе е директен конкурент на „Sony“, „Microsoft“ и „Nintendo“.

Уредот ќе го користи „Android“ за својот оперативен систем, но ќе има можност на него да се играат и игри за „iOS“ на „Apple“. Според информациите веќе има дури и функционален прототип, кој бил претставен на високи функционери на „Amazon“ и на компаниите за развој на игри.

Хардверот на конзолата засега останува во тајност. Според интернет изданието „TechCrunch“ уредот ќе се потпира на процесори на „Qualcomm“, кои се користат во голем број паметни телефони и таблети. Конзола се развива од истиот тим кој ги создава и останатите уреди од палетата „Kindle“ на „Amazon“.

Освен за игри, сепак, конзолата ќе може да се користи и за друга мултимедија. Преку неа ќе можат да се порачува и гледа онлајн видео, музика и други услуги. Се очекува цената на конзолата да е околу 300 долари во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП