Најквалитетното фудбалско друштво во Германија, Бундес лигата, минатата година ја заврши со рекордна заработка од 383 милиони евра.
Во годишниот извештај на Бундес лигата се наведува дека профитот е зголемен за 4,4 отсто во однос на претходната сезона.
Извршниот директор на лигата, Кристијан Сајферт, истакна дека Бундес лигата е успешна комбинација од врвни спортски перформанси и економска рационалност.
Дека германскиот фудбал е суперпрофитабилен потврдува и фактот што ова е деветта година во низа како Бундес лигата бележи рекордна заработувачка.