27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИРекордна продажба на смартфони во 2013-та

Рекордна продажба на смартфони во 2013-та

Gadget Show LG

Светската продажба на смартфони во 2013-та година е зголемена за 14 проценти во споредба со една година претходно и достигна рекордни 990 милиони единици.

Податоците се добиени од истражувањето на американската аналитичка компанија „Strategy Analytics“, специјализирана за анализа на пазарите за висока технологија.

Лидер на пазарот и натаму е јужнокорејската компанија „Samsung“ која држи 32,3 проценти од продажбата.

За една година „Samsung“ има продадено 319,8 милиони смартфони, што е рекорден показател во историјата на оваа област. И покрај силната конкуренција од кинеските и американските производители, компанијата продолжи да ги произведува популарните модели „Galaxy S4“ и „Note 3“.

Второто место го зазема произдителот на „iPhone“, американската компанија „Apple“. На нејзината продажба и припаѓа 15,5 проценти од пазарот. Минатата година оваа компанија има продадено 153,4 милиони смартфони што е за 13 проценти повеќе отколку во 2012-та година.

Според експертите, уделот на „Apple“ на пазарот на смартфони е намален. Во 2012-та година моделот „iPhone“ држеше 19 проценти од светската продажба.

„Apple“ одржува силна позиција во премиум сегментот, но фактот дека не е застапена во пониската ценовна категорија, негативно влијае на продажбата во земјите во развој.

Уделот на „Samsung“ и „Apple“ чинеше скоро половина од светската продажба на смартфони, но се поголема конкуренција им прават другите производители.

Продажбата на кинеските компании „Huawei“ и „Lenovo“, како и на јужнокорејскиот „LG“ расте двапати побрзо и нивниот заеднички удел веќе достигна 14 проценти.

„Huawei“ бргу се шири во Европа, во Латинска Америка расте популарноста на „LG“, а смартфоните на „Lenovo“ (базирани на оперативниот систем „Android“) се продаваат со конкурентна цена во Кина.

„Huawei“ минатата година продал 50,4 милиони смартфони (5,1 проценти удел на пазарот), „LG“ 46,6 милиони (4,8 проценти), a „Lenovo“ 45,5 милиони единици (4,6 проценти).

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП