26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПретставен новиот Samsung QM5 Neo

Претставен новиот Samsung QM5 Neo

samung qm

По обновениот „Renault Koleos“, моделот за 2014-та година, еве слика и од неговиот редизајниран „брат близнак“, моделот „Samsung QM5“.

„QM5“ во оваа прилика ја доби и наставката „Neo“ во своето име, а тука потсети и дека „Renault Samsung Motors“ е јужнокорејската филијала на алијансата „Renault-Nissan “ и дека некои модели на „Samsung“ се продаваат во Европа под знакот на „Renault“ (како „Samsung SM5“ кој во Европа е познат како „Renault Latitude“).

samung qm1

Што се однесува до визуелните промени, „QM5 Neo“ (должина 452 cm, ширина 185 cm) во оваа прилика пред се доби сменет преден дел (нова маска, светла, браник), нова внатрешност со системот „R-Link“ и квалитетни материјали, а проширена е и палетата на бои, нови се алуминиумските бандажи, како и неколку нови хромирани детали.

„QM5 Neo“ на корејскиот пазар ќе се нуди со 2.0-литарски бензинец со 142KS и преден погон или 2.0-литарски „dCi“ дизел мотор со 175KS кој како опција ќе добие и 4х4 погон.

samung qm2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП