Јужнокорејската компанија Самсунг на европскиот пазар ќе го претстави новиот 12,2 инчен Галакси Ноут Про таблет на почетокот на февруари, објави Таблетсмагазин.
Самсунг планира да ги претстави уредите Галакси Ноут Про и Галакси Таб Про во Амстердам на 6 февруари.
Галакси Ноут Про со 12,2 инчен екран со резолуција 2560х1600 пиксели, четиријадрен Снапдрагон 800 процесор и 32 ГБ интерна меморија ќе биде достапен по цена од 749 евра.
Уредот доаѓа со С-Пен Стилус, а ќе работи на најновата верзија на Андроид оперативен систем КитКат.