6 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИiPhone 6 ќе има стакло од сафир

iPhone 6 ќе има стакло од сафир

safirii

Според информациите кои се појавија во голем број од медиумите, „Apple“ има намера да го покрие целиот екран на следната генерација на „iPhone“ со стакло од сафир.

Се тврди дека компанијата, управувана од Тим Кук, ќе потроши околу половина милијарди долари за реализација на оваа идеа. Сафирното стакло се одликува со висок степен на цврстина и тешко може да се изгребе. Во моментов, овој материјал се користи за копчето „Touch ID“ и објективот на камерата на „iPhone 5S “.

Споредена со технологијата „Corning Gorilla Glass“, со која во моментов се произведуваат повеќето мобилни уреди, технологијата со сафири е повеќе од два пати поцврста.

Од „Apple“ се подготвени да преминат на новата технологија, доколку се покаже дека таа е економски ефикасена и може да се стави во масовно производство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП