7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗŠkoda Superb Combi Outdoor за 2014-та

Škoda Superb Combi Outdoor за 2014-та

superb outdoor

Чешкиот производител го претстави тереснкиот „Outdoor“ пакеет за редизајнираниот „Superb Combi“.

Пакетот опрема „Outdoor“ е наменет за оние возачи кои имаат потреба со својот автомобил повремено да се сминат од асвалтот, а притоа да ги задржат сите бенифиции кои ги нуди пространиот и комфорен „Superb Combi“.

„Superb Combi Outdoor“ не е наменет за теренско возење. Од друга страна, заштитните елементи на долниот дел од браникот, крилата околу тркалата и праговите, можат да спречат гребаници и мали оштетувања кои настануваат како последица на ударите од камчиња во овие делови од автомобилот за време на возњето надвор од асвалтираните патишта.

Покрај тоа, не треба да се занемари ниту естетската дименција кои овие или другите додатоци, како шините на покривот, го чинат ова возило визуелно да се разликува од караванот „Superb“.

superb outdoor1

Во „Škoda“ сакаат пакетот „Outdoor“ да биде достапен на поголем број на купувачи, па тие го понудија во сите верзии, почувајќи од најслабата, четирицилиндарскиот 1.4 TSI мотор со 125 ks (92 kW), па се до 3.6 литарскиот „FSI“ шестцилиндарски агрегат кои испорачува 260 ks (191 kW). Единстевен модел кој е изоставен е „Superb GreenLine“.

Во зависност од тоа за која верзија купувачот ќе се одлучи, моторите се поврзани со шестбрзински или седумбрзниски автоматски „DSG“ менувачи, а покрај стандардниот погон на предните тркала, на располагање е опцијата 4×4, заснована на четвртата генерација на „Haldex“ квачилото.

Со воведувањето на пакетот „Outdoor“ во караван верзијата, семејството на моделот „Superb“ ќе биде уште поразличен, па во „Škodа“ очекуваат раст на продажбата на својот најголем модел чии две генерации досега ширум светот беа продадени во 615.000 примероци, а само во 2013-та на купувачите им беа испорачани 94.500 автомобили кои во своето име ја содржат ознаката „Superb“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП