20 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАРеволуција во мобилниот интертнет подготвува Јужна Кореја

Револуција во мобилниот интертнет подготвува Јужна Кореја

samss

Јужна Кореја ќе претстави неверојатно брз 5G мобилен интернет сервис, со чија помош цел филм ќе може да се преземе за помалку од една секунда.

Иако поголемиот дел од светот се уште не го почувствувала благодетот на 4G сервисот, оваа технолошки напредна земја веќе го најави неговиот наследник вреден 1,5 милијарди долари.

Јужнокорејското Министерство за наука соопшти дека ќе ја примени оваа технологија, која е илјада пати побрза од 4G, во рок од шест години.

5G ќе им овозможи на корисниците да преземаат филмови од 800 мегабајти за само една секунда, во споредба со 40 секунди, колку што е потребно со користење на 4G.

Според планот, пробниот 5G сервис ќе почне со работа во 2017 година, а во целосна комерцијална форма во декември 2020 година.

Приоритет ќе има развојот на клучните карактеристики на новата мрежа, вклучувајќи Ултра-ХД и пренос на холограми, како и други нови сервиси.

Владата се надева дека ќе го примени планот преку соработка со операторите „СК Телеком“ и „Кореа телеком“, и производителите на апарати „Самсунг“ и ЛГ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП